Соларна Енергија!!!

Posted in Техника

На секој час од Сонцето стигнува доволно енергија за да ни ги задоволи глобалните енергетски потреби за една цела година. Соларна енергија се добива преку соодветна технологија со искористувањето на енергијата на Сонцето. Денес, во светот се искористува нешто помалку од 0,1% од соларната енергија за задоволување на глобалниот енергетски глад.

Многу луѓе се запознаени со фотоволтаични ќелии – популарно наречени соларни панели, кои денес ги има во вселенските летала, на покривите на многу згради и во малите калкулатори. Принципот на работа е едноставен – ќелиите имаат полуспроводници во нив, и кога ќе ги огрее Сонце, тие испуштаат електрони, кои пак прават струја.

На големи размери, има цели електрани кои произведуваат струја со помош на сончевата енергија. Тие можат да употребуваат различни техники, за добивање на струјата. Во некои сончевата енергија се користи како извор на топлина за загревање на вода до пареа која пак произведува струја – слично како и јагленот во термоелектрана или нуклеарна електрана.

Има и други техники на искористување на сончевата енергија. Подвижни огледала ја фокусираат сончевата светлина кон собиран кула каде е поставен рисивер. Во него се топи сол која пак го покренува генераторот.

Пасивните соларни технологии се поставување на резервоари со вода на покривот за снабдување на домот со топла вода, посебни материјали кои апсорбираат сончева енергија во вид на топлина и во текот на ноќта ги греат просториите.

Соларната енергија е неисцрпен извор на енергија, и од неа нема никакво загадување и никаква врева. Оваа технологија е многу разновидна. На пример, соларни плочи прават струја за сателитите кои орбитираат околу Земјата.

Но соларната енергија не функционира ноќе без направа за складирање на енергијата како батерија, и облачното време ја прави оваа технологија многу несигурна.  

Соларните панели сеуште се многу скапи и зафаќаат голема површина за собирање на сончевата енергија, особено ако треба да се произведе повеќе струја.
Најголеми производители на соларни технологии се Јапонија и Германија, и се очекува во иднина цените значително да паднат и технологиите да станат поефикасни

Постирано од: Klara-D. Форум: ИдиВиди.