Хумана Генетика

Posted in Здравје

Во секојдневието, многу често се збори за постоење на сличност меѓу синот и ќерката со еден од родителите, или дека внукот наследил некои особини од дедото. Ова поврзување во наследувањето се базира на реални забележувања, а нивната основа е во наследните особони на човекот.

При истражувањата во хуманата генетика, се наидува на многу тешкотии кои произлегуваат од ограничените можности за експериментирање во вкрстувањето. Друга причина е малиот број на реализирани потомци од еден родителски пар, и последно затоа што менувањето на родителската со нова генерација, се одвива многу бавно (просечно на 30 години).

И покрај сето ова, со развојот на генетиката констатирано е дека општите закони на наследувањето важат и за човекот. Со тоа многу појави на наследувањето на особините, денес се веќе објаснети. Особено интересни и корисни резултатите добиени со проучувањето на хромозомите. Врз основа на овие истражувања декес со сигурност може да се тврди за наследувањето на одделни особини кај човекот. Како на пример со сигурност се знае дека темната коса е доминантно наследена, а светлата коса е рецесивно. Кафените и зелените очи се доминантни, а сините и сивите, рецесивни. Листата вака продолжува за сите карактеристики, како надворешни, така и внатрешни на човековото тело.

Што всушност заборавив да кажам е како се наследува некоја особина преку пример, и да го објаснам сето тоа...

Имаме значи мајка со сини очи и татко со кафени, се добило дека синот има кафени.
Значи за мајката имаме хомозигот, бидејќи сината боја се наследува рецесивно, а за да може да се наследи рецесивно, мораме да имаме два рецесивни алели, кои ги бележиме со две „а“ мали букви.
За таткото можеме да имаме хомозигот, ама и хетерозигот. Тоа е бидејќи доколку имаме еден алел обележан со „А“ (така се обележува доминантна карактеристика), тој во случај на хомозигот ќе биде доминантен секогаш. Истото ќе се случи и за хетерозигот, односно еден алел да е доминантен, а еден рецесивен, тогаш доминантниот ќе биде тој што е изразен... бидејќи е доминантен.

Што значи примерот ќе изгледа вака...

Жена | Маж
Хомозигот | Хетерозигот
Рецесивни | Доминантен , рецесивен алел
(а , а) х (А , а)

Потомството сега ќе се добие ако извршиме множење на секој член со секој.

(а , а)*(А , а) = (А , а);(A , a);(a , a);(a , a)

Односно кога би ги помножиле се добива дека 50% од потомството би имале кафени очи добиени преку хетерозигот, а останатите 50% ќе бидат со сини очи добиени со хомозигот.
И од ова согледуваме дека всушност синот ќе биде ист како таткото, како и во бојата на очите, така и во видот на алелите.

Содржината продолжува на форумот.

Постирано од: ddvl. Форум, За Здравје.